Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 22:23-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. Јунец или овца со подолг или покус член можеш да принесеш како доброволен принос, но ако е жртва заветница нема да биде примена.

24. Не принесувајте Му на Господа животно свиткано, со слаби дробови, скршено или скопено. Не правете го тоа во вашата земја,

25. ниту примајте такво од странец за да го принесете во дар на вашиот Бог. Со недостаток се, зашто се повредени. Затоа нема да ви биде примено.’”

26. Господ му рече на Мојсеја:

27. „Кога ќе се роди теле, или јагне, или јаре, седум дена нека остане покрај својата мајка. Од осмиот ден може да биде примено како паленица на Господа.

28. Не колете крава, ни овца, во ист ден со нејзиното младо.

29. Кога ќе Му принесувате на Господа жртва благодарствена, принесете ја така за да биде примена.

30. Нека биде изедена во истиот ден; не оставајте од неа за наутро. Јас Сум Господ!”

31. „Пазете ги Моите заповеди и исполнувајте ги. Јас Сум Господ!

32. Не обесчестувајте го Моето свето име, за да бидам свет среде Израелевите синови. Јас Сум Господ, Кој ве осветувам.

33. Јас, Кој ве избавив од Египетската Земја за да бидам ваш Бог, Јас Господ.”

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 22