Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 22:15-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Нека не ги сметаат за безвредни светите приноси што Израелците Му ги принесуваат на Господа.

16. И јадејќи ги светините, би навлекле врз себе, вина за престап, зашто Јас, Господ, ги осветувам.’”

17. Господ му рече на Мојсеја:

18. „Зборувај им на Арона, на неговите синови и на сите Израелци и речи им: ‘Секој човек од Израелевиот дом или странец во Израел кој донесува свој принос - како завет или како доброволен дар, за да се принесе на Господа како паленица - за да биде примен,

19. треба да биде принесено машко, без недостаток, било да е говедо, овца или коза.

20. Не принесувајте ништо со недостаток на него, зашто тоа нема да ви биде примено.

21. Ако некој му принесува на Господа помирителна жртва за да изврши некаков завет или за да направи доброволен принос, било од крупниот или од ситниот добиток, животното - за да биде примено - треба да биде без недостаток; никаков недостаток не смее да има на него.

22. Никакво слепо или хромо, или со изместено, гушаво, со оток или со јадеж животно; такво не Му принесувајте на Господа, ниту такво положувајте врз жртвеникот како паленица на Господа.

23. Јунец или овца со подолг или покус член можеш да принесеш како доброволен принос, но ако е жртва заветница нема да биде примена.

24. Не принесувајте Му на Господа животно свиткано, со слаби дробови, скршено или скопено. Не правете го тоа во вашата земја,

25. ниту примајте такво од странец за да го принесете во дар на вашиот Бог. Со недостаток се, зашто се повредени. Затоа нема да ви биде примено.’”

26. Господ му рече на Мојсеја:

27. „Кога ќе се роди теле, или јагне, или јаре, седум дена нека остане покрај својата мајка. Од осмиот ден може да биде примено како паленица на Господа.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 22