Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 21:13-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Нека зема девица за жена.

14. Не смее да се жени со вдовица, или со оставена од маж, или со обесчестена или со блудница; нека се жени со девица од својот народ;

15. така нема да го загади своето потомство меѓу својот народ, зашто Јас, Господ, го осветувам.’”

16. Господ му рече на Мојсеја:

17. „Речи му на Арона: ‘Никој од твоите потомци, во нивните родови, кои ќе имаат некаков телесен недостаток не смее да се доближи да го принесува лебот на својот Бог.

18. Ниеден на кого има недостаток не смее да пристапува: ни слеп, ни хром, ни со обезличен нос, ни со излишен член;

19. ни таков кој има скршена рака или нога;

20. ни подгрбавен, ни со сув член, ни со болни очи, ни лишав, ни јадежлив, ни килав.

21. Ниеден човек од потомците на свештеникот Арон, кој има недостаток, нека не пристапува да принесува паленица; бидејќи има недостаток, нека не се доближува да Му принесува леб на својот Бог.

22. Може да јаде од храната на својот Бог: од светите и од пресветите жртви;

23. но нека не доаѓа кон завесата, ниту да му пристапува на жртвеникот, зашто има недостаток. Нека не ги обесветува Моите светилишта, зашто Јас, Господ, ги осветувам.’”

24. Мојсеј им го кажа тоа на Арона, на неговите синови и на сите Израелеви синови.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 21