Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 21:11-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Нека не влегува ниту при еден мртовец; не смее да се онечистува, ниту за татка си, ниту за мајка си.

12. Нека не излегува од Светилиштето, за да не го онечисти Светилиштето на својот Бог, зашто на себе го носи венецот на маслото со помазанието на својот Бог. Јас Сум Господ.

13. Нека зема девица за жена.

14. Не смее да се жени со вдовица, или со оставена од маж, или со обесчестена или со блудница; нека се жени со девица од својот народ;

15. така нема да го загади своето потомство меѓу својот народ, зашто Јас, Господ, го осветувам.’”

16. Господ му рече на Мојсеја:

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 21