Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 21:1-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И Господ му рече на Мојсеја: „Зборувај им на свештениците, на Ароновите синови, и речи им: ‘Нека не се онечистуваат со допирање на покојник во својот народ,

2. освен за свои најблиски роднини: за мајка си, за татка си, за синот, за ќерката и за братот,

3. и за својата сестра, девица, која му е најблиска крвна роднина, која живее при него и не била мажена.

4. Но нека не се онечистува за роднините и така да стане нечист.

5. Нека не ја бричат главата; нека не ги стрижат краиштата на своите бради, ниту да прават засеци на своето тело.

6. Нека Му бидат свети на својот Бог; нека не го обесветуваат името на својот Бог, зашто тие принесуваат палени жртви на Господа, леб на својот Бог; затоа треба да бидат свети.

7. Нека не се женат со блудница и со обесчестена; ниту смеат да се женат со онаа, која нејзиниот маж ја отпуштил, зашто тие се свети на својот Бог.

8. И нека биде осветен, зашто тој го принесува лебот на твојот Бог; нека ти биде свет, зашто Сум свет Јас, Господ, Кој ве осветува вас.

9. Ако свештеничка ќерка се обесчестила со блудствување, таа го бесчести татка си; нека биде изгорена на оган.’

10. ‘А велесвештеникот од своите браќа, на чија глава е излеано масло за помазание и кој е осветен да носи света облека, нека не оди со откриена глава, ниту да ја раскинува својата облека.

11. Нека не влегува ниту при еден мртовец; не смее да се онечистува, ниту за татка си, ниту за мајка си.

12. Нека не излегува од Светилиштето, за да не го онечисти Светилиштето на својот Бог, зашто на себе го носи венецот на маслото со помазанието на својот Бог. Јас Сум Господ.

13. Нека зема девица за жена.

14. Не смее да се жени со вдовица, или со оставена од маж, или со обесчестена или со блудница; нека се жени со девица од својот народ;

15. така нема да го загади своето потомство меѓу својот народ, зашто Јас, Господ, го осветувам.’”

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 21