Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 20:21-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. Ако некој би се оженил со жената на брата си - би ја открил голотата на брата си; тоа е нечисто: нека останат бездетни.’

22. ‘Затоа пазете ги Моите закони, сите Мои заповеди, и исполнувајте ги, за да не ве изблува од себе земјата, во која што ве водам за да се населите во неа.

23. Не постапувајте според обичаите на народите што Јас ги гонам пред вас, зашто тие го правеа сè тоа и затоа ми се згади од нив.

24. А Јас ви реков вам: „Вие ќе ја завладеете нивната земја; ќе ви ја предадам вам во наследство: земјата во која течат млеко и мед.” Јас Сум Господ, ваш Бог, Кој ве оддели вас од сите народи.

25. Разликувајте чисто животно од нечисто, чиста птица од нечиста; и не онечистувајте се сами себеси ни со животно, ни со птица, ниту со што и да е што ползи по земјата: што Јас ви ги одделив како нечисти.

26. Бидете свети пред Мене, зашто Јас, Господ, Сум свет; Јас ве одделив од народите, за да бидете Мои.’

27. ‘Маж или жена кои, меѓу вас, ќе станат повикувачи на духови на мртви или ќе вражаат, нека бидат казнети со смрт; нека бидат каменувани, а нивната крв нека падне на нив.’”

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 20