Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 20:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ му рече на Мојсеја:

2. „Кажи им на Израелците: ‘Кој - Израелец или странец - ќе му го отстапи своето чедо на Молоха треба да биде погубен; народот на земјата нека го каменува.

3. Јас ќе се свртам против тој човек и ќе го истребам од неговиот народ, зашто тој, давајќи му го своето чедо на Молоха, го онечистил Моето Светилиште и го обесчестил Моето свето име.

4. А ако народот ги затвори своите очи над човекот, кога ќе му го даде своето чедо на Молоха, и не го погуби,

5. Јас ќе им се спротивставам на човекот и на неговото семејство; ќе ги истребам од нивниот народ, него и сите кои, после него, ќе тргнат по Молоха да му се подаваат на блуд со Молоха.’

6. ‘Ако некој им се обрати на повикувачи на духови и на вражалци, за да оди блудно по нив, Јас ќе се свртам против таквиот човек и ќе го истребам од неговиот народ.

7. Осветувајте се за да бидете свети, зашто Јас Сум Господ, ваш Бог.

8. Пазете ги Моите закони и исполнувајте ги, зашто Јас Господ ве осветувам вас.

9. Кој ќе го проколне татка си или мајка си, нека биде погубен. Зашто ги проколна татка си и мајка си, неговата крв нека падне на него.’

10. ‘Човек кој ќе прељубодејствува со мажена жена; кој ќе изврши прељуба со жената на својот ближен, нека биде казнет со смрт; и прељубникот и прељубницата.

11. Човек кој ќе легне со жената на татка си - би ја открил голотата на својот татко - обата нека бидат казнети со смрт, нивната крв нека падне на нив.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 20