Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 2:12-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Принесувајте ги како приноси од првите плодови; но нека не бидат горени на жртвеникот за пријатен мирис.

13. Посоли го секој свој лебен принос. Не оставај ги твоите лебни приноси без солта на Заветот со твојот Бог: при секој твој принос принесувај и сол.’

14. ‘Ако му принесуваш на Господа лебен принос од првите плодови, принеси во дар од твоите првини од класјето, пржени на оган, или брашно од сомлени зрна.

15. И излеј масло и стави темјан врз него: тоа е лебен принос.

16. А свештеникот нека ги изгори: дел од зрната и маслото со сиот темјан, како жртва паленица на Господа.’

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 2