Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 2:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. ‘Ако некој сака да Му принесе на Господа жртва лебен принос, неговиот дар нека биде од чисто брашно; нека го излее со елеј и нека стави темјан на него.

2. Тогаш нека им го донесе на Ароновите синови, на свештениците. И нека земе полн грст брашно со маслото и со сиот темјан и свештеникот нека го изгори тоа на жртвеникот, за спомен. Тоа е жртва палена на Господа за пријатен мирис.

3. А што ќе остане од лебниот принос нека им припадне на Арона и на неговите синови - најсветото од Господовите жртви.’

4. ‘Ако сакаш да принесеш лебен принос печен во печка, тоа нека бидат бесквасни погачи од чисто брашно, замесени со масло, или бесквасни кори, намачкани со масло.

5. Ако твојот дар биде лебен принос печен во сад за пржење, нека биде од чисто брашно, бесквасен и замесен со масло.

6. Раскрши го на делови и излеј масло на нив: тоа е лебен принос.

7. Ако твојот лебен принос е варен во сад за варење, нека биде од чисто брашно со масло.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 2