Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 19:33-37 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

33. ‘Ако странец се насели во вашата земја, не угнетувајте го,

34. Туѓинецот, кој престојува со вас, нека ви биде како ваш сонародник; љуби го како себеси; зашто и вие бевте странци во Египетската Земја. Јас Сум Господ, ваш Бог!’

35. ‘Не правете неправда во судот, во мерките за должина, тежина и обем.

36. Мерките нека ви бидат точни: теговите еднакви, ефата права, инот вистински. Јас Сум Господ, вашиот Бог, Кој ве изведе од Египетската Земја.

37. Пазете ги сите Мои закони и сите Мои наредби и исполнувајте ги. Јас Сум Господ!’”

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 19