Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 19:28-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

28. Не врежувајте засеци на вашето тело за покојник; ниту засечувајте некакви знаци на себе. Јас Сум Господ!’

29. ‘Не осквернувај ја твојата ќерка, дозволувајќи и да блудствува; за да не блудствува земјата и за да не се наполни земјата со разврат.

30. Пазете ги Моите саботи, почитувајте го Моето Светилиште. Јас Сум Господ!’

31. ‘Не обратувајте им се на повикувачите на духови и на волшебниците. Тие би ве онечистиле. Јас Сум Господ, вашиот Бог!’

32. ‘Стани пред седа глава; почитувај го лицето на старецот; бој се од твојот Бог. Јас Сум Господ!’

33. ‘Ако странец се насели во вашата земја, не угнетувајте го,

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 19