Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 19:20-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. ‘Ако некој преспие со робинка, која е свршена за друг, но уште не е откупена ниту и е дадена слободата: треба да бидат казнети, но не со смрт, зашто таа не е слободна.

21. Тој нека Му принесе на Господа, при влезот во Шаторот на средбата, принос за престап, овен како жртва за својот престап.

22. И свештеникот ќе направи да му се покрие гревот, пред Господа, со овенот за престап од сторениот грев, и ќе му биде простен гревот што го направил.’

23. ‘Кога ќе влезете во земјата и кога ќе засадите каква и да е овошка, сметајте ги нејзините плодови за необрезани. Три години нека ви бидат необрезани: не јадете ги.

24. На четвртата година нека бидат посветени сите нејзини плодови на Господовите празнувања.

25. А на петтата година јадете го нејзиниот плод и собирајте го нејзиниот род. Јас Сум Господ, ваш Бог!’

26. ‘Не јадете со крв! Не вражајте и не гатајте!

27. Не стрижете ја косата на вашите глави кружно и не стрижете го крајот на вашите бради.

28. Не врежувајте засеци на вашето тело за покојник; ниту засечувајте некакви знаци на себе. Јас Сум Господ!’

29. ‘Не осквернувај ја твојата ќерка, дозволувајќи и да блудствува; за да не блудствува земјата и за да не се наполни земјата со разврат.

30. Пазете ги Моите саботи, почитувајте го Моето Светилиште. Јас Сум Господ!’

31. ‘Не обратувајте им се на повикувачите на духови и на волшебниците. Тие би ве онечистиле. Јас Сум Господ, вашиот Бог!’

32. ‘Стани пред седа глава; почитувај го лицето на старецот; бој се од твојот Бог. Јас Сум Господ!’

33. ‘Ако странец се насели во вашата земја, не угнетувајте го,

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 19