Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 19:18-37 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Не се одмаздувај и немај злоба кон синовите на твојот народ. Љуби го својот ближен како себеси. Јас Сум Господ!’

19. ‘Пазете ги Моите заповеди! Не оставај го твојот добиток да се спарува со друг вид. Не засевај ја твојата нива со два вида семе. Не облекувај се во облека од два вида ткаенина.’

20. ‘Ако некој преспие со робинка, која е свршена за друг, но уште не е откупена ниту и е дадена слободата: треба да бидат казнети, но не со смрт, зашто таа не е слободна.

21. Тој нека Му принесе на Господа, при влезот во Шаторот на средбата, принос за престап, овен како жртва за својот престап.

22. И свештеникот ќе направи да му се покрие гревот, пред Господа, со овенот за престап од сторениот грев, и ќе му биде простен гревот што го направил.’

23. ‘Кога ќе влезете во земјата и кога ќе засадите каква и да е овошка, сметајте ги нејзините плодови за необрезани. Три години нека ви бидат необрезани: не јадете ги.

24. На четвртата година нека бидат посветени сите нејзини плодови на Господовите празнувања.

25. А на петтата година јадете го нејзиниот плод и собирајте го нејзиниот род. Јас Сум Господ, ваш Бог!’

26. ‘Не јадете со крв! Не вражајте и не гатајте!

27. Не стрижете ја косата на вашите глави кружно и не стрижете го крајот на вашите бради.

28. Не врежувајте засеци на вашето тело за покојник; ниту засечувајте некакви знаци на себе. Јас Сум Господ!’

29. ‘Не осквернувај ја твојата ќерка, дозволувајќи и да блудствува; за да не блудствува земјата и за да не се наполни земјата со разврат.

30. Пазете ги Моите саботи, почитувајте го Моето Светилиште. Јас Сум Господ!’

31. ‘Не обратувајте им се на повикувачите на духови и на волшебниците. Тие би ве онечистиле. Јас Сум Господ, вашиот Бог!’

32. ‘Стани пред седа глава; почитувај го лицето на старецот; бој се од твојот Бог. Јас Сум Господ!’

33. ‘Ако странец се насели во вашата земја, не угнетувајте го,

34. Туѓинецот, кој престојува со вас, нека ви биде како ваш сонародник; љуби го како себеси; зашто и вие бевте странци во Египетската Земја. Јас Сум Господ, ваш Бог!’

35. ‘Не правете неправда во судот, во мерките за должина, тежина и обем.

36. Мерките нека ви бидат точни: теговите еднакви, ефата права, инот вистински. Јас Сум Господ, вашиот Бог, Кој ве изведе од Египетската Земја.

37. Пазете ги сите Мои закони и сите Мои наредби и исполнувајте ги. Јас Сум Господ!’”

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 19