17. Не ја откривај голотата на некоја жена и на нејзината ќерка! Не жени се со ќерката на нејзиниот син, ниту со ќерката на нејзината ќерка, за да им ја откриеш голотата; тие и се еднокрвни; тоа е беззаконие.
18. Не земај за себе некоја жена заедно со сестра и, за да и ја направиш соперничка; за да и ја откриеш преку неа, голотата, додека оваа е жива.’
19. ‘Не приближувај и се на жена кога е во нечистотата на својот месечен ред, за да и ја откриеш голотата!
20. Не легнувај со жената на твојот ближен; ќе се онечистиш со неа.
21. Не дозволувај некое твое дете да му биде жртвувано на Молоха; не го обесчестувај името на твојот Бог. Јас Сум Господ!
22. Не легнувај со маж како што се легнува со жена, тоа е гнасно и одвратно.
23. Да не си легнал ниту со некое животно, ќе се онечистиш од него. И жената не смее да застане пред животно, за да се спари со него. Тоа е гнасно и бесрамно.’
24. ‘Не се онечистувајте со ништо од тоа! Со сè тоа се онечистуваат народите, што Јас ги гонам пред вас.
25. И земјата стана нечиста. Затоа ќе ја казнам за нејзините гревови, па земјата ќе ги изблува своите жители.
26. Вие пак пазете ги Моите заповеди и Моите закони: не правете ниту едно од тие гнасни нешта - ни вие ни странецот, што живее меѓу вас.
27. Зашто сите тие гнасотии ги правеа луѓето на оваа земја, што е пред вас; и земјата стана загадена;
28. за да не ве изблува и вас земјата од себе, кога вие ќе почнете да ја загадувате, како што таа ги изблува народите, кои беа пред вас.
29. Ако некој ги прави сите тие гадости; душите на тие кои го прават тоа ќе бидат истребени од својот народ.