Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 18:12-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Не откривај ја голотата на сестрата на твојот татко! Па таа е крв на татка ти.

13. Не откривај ја ни срамотата на сестрата на мајка ти! Па и таа е крв на твојата мајка!

14. Не откривај ја срамотата на татковиот брат! И не приближувај и се на неговата жена; таа е твоја стрина.

15. Не откривај ја голотата на твојата снаа! Таа е жена на сина ти. Не ја откривај нејзината голота.

16. Не ја откривај голотата на жената на твојот брат! Тоа е голота на брата ти.

17. Не ја откривај голотата на некоја жена и на нејзината ќерка! Не жени се со ќерката на нејзиниот син, ниту со ќерката на нејзината ќерка, за да им ја откриеш голотата; тие и се еднокрвни; тоа е беззаконие.

18. Не земај за себе некоја жена заедно со сестра и, за да и ја направиш соперничка; за да и ја откриеш преку неа, голотата, додека оваа е жива.’

19. ‘Не приближувај и се на жена кога е во нечистотата на својот месечен ред, за да и ја откриеш голотата!

20. Не легнувај со жената на твојот ближен; ќе се онечистиш со неа.

21. Не дозволувај некое твое дете да му биде жртвувано на Молоха; не го обесчестувај името на твојот Бог. Јас Сум Господ!

22. Не легнувај со маж како што се легнува со жена, тоа е гнасно и одвратно.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 18