Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 17:10-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. ‘Натаму, Јас ќе се свртам против секој поединец од Израелевиот дом, а така и против секој придојденец меѓу вас, кој би јадел каква и да е крв, ќе го отстранам од неговиот народ секој што ќе јаде крв.

11. Зашто животот на телото е во крвта. Таа крв ви ја дадов вам за жртвеникот, за да ги покривате од грев вашите души, зашто оваа крв прави покривање на гревот за душата.’

12. Затоа им реков на Израелците: ‘Никој од вас нека не јаде крв; нека не јаде ни странецот, кој живее меѓу вас.’

13. Ако некој од Израелевите синови или странец што живее меѓу вас, фати во лов ѕвер или птица што може да се јаде, нека и ја пролее крвта и нека ја покрие со земја.”

14. „Зашто животот на секое тело е неговата крв; таа е животот; затоа и им реков на Израелците: ‘Не смеете да јадете крв од ниедно тело, зашто животот на секое тело е неговата крв.’ Секој што ќе јаде, ќе биде истребен.

15. Секој, Израелец или странец, кој би јал пцовисано, или раскинато од ѕверови, нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека биде нечист до вечерта. Тогаш ќе стане чист.

16. Но ако не ја испере и ако не го искапе своето тело, нека го понесе на себе своето беззаконие.”

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 17