Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 17:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ му рече на Мојсеја:

2. „Говори им на Арона, на неговите синови и на сите Израелеви синови и речи им: ‘Еве што заповеда Господ:

3. „Секој оној од Израелевиот дом кој - во логорот или надвор од логорот - заколе вол, или овца, или коза,

4. а не го донесе при влезот во Шаторот на средбата за да Му принесе дар на Господа пред Шаторот Господов, секој таков нека биде виновен: пролеал крв, и нека биде истребен од својот народ.

5. Затоа Израелевите синови нека ги доведат своите жртви, што сакаат да ги колат надвор, во полето, при влезот на Шаторот на средбата, кај свештеникот, и нека ги принесат како помирителни жртви.

6. Свештеникот нека ја излее крвта врз Господовиот жртвеник што се наоѓа при влезот во Шаторот на средбата, а лојот нека го изгори за благоугоден мирис на Господа,

7. така што во иднина не ќе им ги принесуваат своите жртви на бесовите со кои блудствуваат. Ова нека е вечен закон за нив и за нивните поколенија.”‘

8. „И уште речи им: ‘Секој поединец од Израелевиот дом, или странец кој живее меѓу вас, кој ќе принесе паленица или жртва,

9. а не ја приведе при влезот во Шаторот на средбата за да Му биде принесена на Господа, тој нека биде истребен од својот народ.’

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 17