Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 16:31-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

31. Нека ви биде тоа саботна починка, за да ги успокоите вашите души. Тоа е вечен закон.

32. Покривањето на гревовите нека го изврши оној свештеник, кој е помазан и посветен за вршење на свештеничка служба место татка си. Нека се облече во ленени облеки - свети облеки.

33. Тој нека направи очистување на Светилиштето, очистување на Шаторот на средбата и жртвеникот; и нека ги очисти свештениците и целото народно општество.

34. Така, ова нека биде за вас вечен закон: еднаш годишно да бидат очистувани Израелевите синови од сите нивни гревови.” Тој направи како што Господ му нареди на Мојсеја.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 16