Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 15:23-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. А ако се допре до нешто што било на нејзината постела или на предметот на кој што седела таа, нека е нечист до вечерта.

24. Ако некој маж преспие со неа, нејзината нечистота се прилепува до него, и нека биде нечист седум дена. Секоја постела на која ќе легне тој, нека е нечиста.’

25. ‘Ако жената има крварење подолго време надвор од својот месечен ред, или ако нејзиниот месечен ред продолжува, нека биде сметана за нечиста за цело време на крварењето, како да се денови на нејзиниот месечен ред.

26. Секоја постела на која ќе легне, за сето време на нејзиното крварење, ќе и биде како и постелата за време на нејзиниот месечен ред. И секој предмет на кој ќе седне нека стане нечист како што би бил нечист за време на нејзиниот месечен ред.

27. А секој што ќе ги допре нека биде нечист; нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека биде нечист до вечерта.

28. Ако оздрави од своето крварење, нека изброи седум дена, и потоа нека биде чиста.

29. На осмиот ден нека земе две грлици или две гулапчиња па нека му ги донесе на свештеникот при влезот во Шаторот на средбата.

30. Свештеникот нека ги принесе: едното како принос за грев, а другото како паленица. И свештеникот ќе направи да и се покрие гревот пред Господа, од нејзиното нечисто крварење.’

31. ‘Така одделувајте ги Израелците од нивните нечистотии, за да не изумрат заради нив, обесветувајќи го Мојот Шатор што се наоѓа среде нив.’

32. ‘Тоа е закон за човек, кој има излив; за оној кого семеизливот го прави нечист;

33. за жена во време на нечистотата на нејзиниот месечен ред; за секого - било машко било женско - што ќе има излив, а така и за оној што ќе преспие со нечиста од крварење.’”

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 15