Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 14:9-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. На седмиот ден нека ги избричи сите свои влакна: косата, брадата и веѓите; нека ги избричи сите други свои влакна. Откако ќе ја испере својата облека и откако ќе го измие своето тело во вода, ќе биде чист.”

10. „На осмиот ден нека земе: две машки јагниња, без недостаток, едно женско јагне годиначе, исто така без недостаток, три десетини ефа чисто брашно за лебен принос, месено со масло, и една мерка масло.

11. Свештеникот што го врши очистувањето нека ги стави пред Господа при влезот во Шаторот на средбата, со човекот, кој треба да се очисти.

12. Потоа свештеникот нека земе едно машко јагне, па нека го принесе, со една мерка масло, како жртва за престап. Нека ги принесе пред Господа како движен принос.

13. Нека го заколе јагнето таму каде што се колат жртвите за грев и палениците - на светото место; зашто приносот за престап и приносот за грев му припаѓаат на свештеникот: тоа е пресвето.

14. И свештеникот нека земе од крвта на жртвата за престап и нека му стави на крајот од десното уво на оној, кој се очистува, и палецот на десната рака, и палецот на десната нога.

15. Потоа свештеникот нека земе елеј од чашата и нека го излие во дланот на левата рака.

16. Откако свештеникот ќе го стави својот десен прст во елејот што е во левата дланка, нека изврши, со елејот од својот прст, прскање пред Господа седум пати.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 14