Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 13:57-59 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

57. Ако се појави пак на облеката или на кожата, на основата или на потката, или на каков и да е кожен предмет, тогаш тоа е зараза, и заразениот предмет нека биде изгорен во оган.

58. Но ако болеста ја снема од облеката - од основата или од потката - или од каков и да е кожен предмет откако бидат испрани; нека бидат испрани повторно и ќе бидат чисти.”

59. „Тоа е закон за болеста лепра на облека од волна или од лен - на основата или на потката - или на каков и да е предмет од кожа, за да бидат прогласени за чисти или за нечисти.”

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 13