Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 13:51-59 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

51. А на седмиот ден нека ја прегледа заразата. Ако заразата се проширила по облеката, по основата или потката, или по кожата, или по каков и да е кожен предмет, тоа е заразна лепра. Работата е нечиста.

52. Таа облека - било основата било потката, од волна или од лен, или некаквиот кожен предмет за кого заразата се прилепила - се заразила со лепра, нека се изгори во оган.”

53. „Но ако свештеникот види дека заразата не се проширила по облеката - ни по основата ни по потката, ниту по каков и да е предмет од кожа,

54. тогаш нека нареди да биде испрана заразената работа. Потоа нека ја остави повторно насамо седум денови.

55. А ако свештеникот, откако работата била испрана, забележи дека заразеното место не се изменило, сепак, иако болеста не се раширила, работата е нечиста. Нека биде изгорена во оган: гнила е и внатре и однадвор.”

56. „Ако свештеникот забележи дека болеста се намалува по перењето, нека го отсече тоа место, било да е тоа на облеката или на кожата, на основата или на потката.

57. Ако се појави пак на облеката или на кожата, на основата или на потката, или на каков и да е кожен предмет, тогаш тоа е зараза, и заразениот предмет нека биде изгорен во оган.

58. Но ако болеста ја снема од облеката - од основата или од потката - или од каков и да е кожен предмет откако бидат испрани; нека бидат испрани повторно и ќе бидат чисти.”

59. „Тоа е закон за болеста лепра на облека од волна или од лен - на основата или на потката - или на каков и да е предмет од кожа, за да бидат прогласени за чисти или за нечисти.”

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 13