Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 13:41-51 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

41. Ако му испаѓа косата однапред на главата, тој е ќелав на челото, но е чист.

42. Но ако на ќелавоста или однапред од челото се појави црвенобела болест, тоа е лепра што избувнала на неговата ќелавост или однапред од челото.

43. Свештеникот нека го прегледа. Ако утврди дека дамките се - на ќелавоста или однапред од челото - белоцрвени, на изглед како и лепрата по кожата на телото;

44. човекот станал лепрозен, нечист е. Свештеникот треба да го прогласи за нечист - лепрата му е на главата.”

45. „Оној што ќе стане лепрозен, нека носи распарана облека; косата нека му е непокриена; тој е должен да биде покриен до горната усна и да вика: ‘Нечист! Нечист!’

46. Сè додека е болеста на него нека биде нечист; тој е нечист; нека живее насамо: неговиот дом нека биде надвор од живеалиштето.”

47. „Кога заразата на лепрата се појави на облеката, било на волнена било на ленена,

48. или на основа или на потка од лен или од волна; или на кожа, или на каков и да е кожен предмет;

49. па ако дамките на облеката или на кожата, на основата или на потката, или на каков и да е кожен предмет, биде зеленикаво или црвеникаво, тоа е лепра; па нека му се покаже на свештеник.

50. Свештеникот, откако ќе прегледа што е заразено, нека го стави тоа настрана за седум дена.

51. А на седмиот ден нека ја прегледа заразата. Ако заразата се проширила по облеката, по основата или потката, или по кожата, или по каков и да е кожен предмет, тоа е заразна лепра. Работата е нечиста.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 13