Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 13:31-42 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

31. Но ако свештеникот, откако го прегледа заболеното место, утврди дека не е подлабоко од кожата и дека таму сепак нема црни влакна, свештеникот нека го отстрани јадежливиот за седум денови.

32. На седмиот ден нека го прегледа: ако јадежот не се проширил ниту влакната пожолтеле, па ако изгледа дека јадежот не е подлабок од кожата,

33. болниот нека се избричи - но местото на јадежот нека не го бричи - и свештеникот нека го отстрани за други седум денови.

34. На седмиот ден свештеникот нека го прегледа пак јадежливото место. Ако јадежот не се проширил по кожата, и изгледа дека не е подлабок од кожата, свештеникот нека го прогласи болниот за чист. Тој нека ја испере својата облека и ќе биде чист.

35. Ако се прошири јадежот по кожата откако беше прогласен за чист,

36. свештеникот нека го прегледа повторно. Ако јадежот се проширил по кожата - свештеникот веќе и нека не бара жолти влакна - болниот е нечист.

37. Но ако забележи дека јадежот застана и дека никнаа црни влакна, јадежот е заздравен - тој е чист. Свештеникот нека го прогласи за чист.”

38. „Ако на кожата на некој маж или жена се појават пеги, па ако се тие пеги бели,

39. свештеникот нека ги прегледа. Ако пегите по кожата бидат темнобели, тогаш тоа се лишаи што избувнале по кожата: болниот е чист.”

40. „Ако некому му испаѓа косата од главата; тој е ќелав; тој е чист.

41. Ако му испаѓа косата однапред на главата, тој е ќелав на челото, но е чист.

42. Но ако на ќелавоста или однапред од челото се појави црвенобела болест, тоа е лепра што избувнала на неговата ќелавост или однапред од челото.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 13