Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 13:27-36 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. Нека го прегледа на седмиот ден: ако дамката се проширила по кожата, свештеникот нека го прогласи за нечист - тоа е лепра.

28. Ако дамката остане на местото и не се рашири по кожата, тогаш тоа е оток од изгореницата. Свештеникот нека го прогласи човекот за чист: тоа е струп од изгореница.”

29. „Ако се појави болест на главата или на брадата на некој маж или жена,

30. свештеникот нека ја прегледа болеста. Ако утврди дека е подлабока од кожата и дека таму влакната пожолтеле и се истенчиле, свештеникот нека го прогласи болниот за нечист. Тоа е јадеж, односно лепра на главата или на брадата.

31. Но ако свештеникот, откако го прегледа заболеното место, утврди дека не е подлабоко од кожата и дека таму сепак нема црни влакна, свештеникот нека го отстрани јадежливиот за седум денови.

32. На седмиот ден нека го прегледа: ако јадежот не се проширил ниту влакната пожолтеле, па ако изгледа дека јадежот не е подлабок од кожата,

33. болниот нека се избричи - но местото на јадежот нека не го бричи - и свештеникот нека го отстрани за други седум денови.

34. На седмиот ден свештеникот нека го прегледа пак јадежливото место. Ако јадежот не се проширил по кожата, и изгледа дека не е подлабок од кожата, свештеникот нека го прогласи болниот за чист. Тој нека ја испере својата облека и ќе биде чист.

35. Ако се прошири јадежот по кожата откако беше прогласен за чист,

36. свештеникот нека го прегледа повторно. Ако јадежот се проширил по кожата - свештеникот веќе и нека не бара жолти влакна - болниот е нечист.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 13