Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 13:21-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. Ако свештеникот утврди дека влакната не побелеле тука, дека кожата не е подлабока отколку на друго место, дека местото не темнее, нека го одвои болниот седум дена.

22. Ако му се прошири болеста по кожата, свештеникот нека го прогласи за нечист - тоа е лепра.

23. Ако дамката остане на местото и не се прошири, тоа е струп од чирот. Свештеникот нека го прогласи човекот за чист.”

24. „Ако некој има изгореница на кожата, па на изгореното место се појави белоцрвено или бела дамка,

25. свештеникот нека го прегледа тоа. Ако влакната на местото побелат и ако изгледа дека тоа место е подлабоко од кожата, тогаш тоа е лепра што избувна од изгореницата. Свештеникот нека го прогласи за нечист: тоа е лепра.

26. Но ако свештеникот утврди дека влакната не побелеле, дека местото не е подлабоко од кожата и дека е малку забележливо при тоа, нека го оддели сам седум денови.

27. Нека го прегледа на седмиот ден: ако дамката се проширила по кожата, свештеникот нека го прогласи за нечист - тоа е лепра.

28. Ако дамката остане на местото и не се рашири по кожата, тогаш тоа е оток од изгореницата. Свештеникот нека го прогласи човекот за чист: тоа е струп од изгореница.”

29. „Ако се појави болест на главата или на брадата на некој маж или жена,

30. свештеникот нека ја прегледа болеста. Ако утврди дека е подлабока од кожата и дека таму влакната пожолтеле и се истенчиле, свештеникот нека го прогласи болниот за нечист. Тоа е јадеж, односно лепра на главата или на брадата.

31. Но ако свештеникот, откако го прегледа заболеното место, утврди дека не е подлабоко од кожата и дека таму сепак нема црни влакна, свештеникот нека го отстрани јадежливиот за седум денови.

32. На седмиот ден нека го прегледа: ако јадежот не се проширил ниту влакната пожолтеле, па ако изгледа дека јадежот не е подлабок од кожата,

33. болниот нека се избричи - но местото на јадежот нека не го бричи - и свештеникот нека го отстрани за други седум денови.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 13