Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 11:33-41 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

33. Ако падне некое од нив во некаков земјан сад, скрши го; сè е нечисто во него.

34. А ако капне вода од таков сад на некаква храна, што се јаде, ќе биде нечиста.

35. А сè врз кое ќе падне нешто од нивниот труп, нека биде нечисто; ако тоа биде печка или огниште, нека бидат разурнати: нечисти се за вас и нека бидат нечисти за вас.

36. А изворот или водособиралиштето што држи вода нека бидат сметани за чисти. Но кој ќе допре мрша на животно, нека е нечист.

37. И ако нешто од нивната мрша падне на житно семе што ќе биде посеано, тоа останува чисто;

38. но ако семето се накваси со вода, а тогаш падне на него нешто од нивната пцовисаница, нека е нечисто за вас.’

39. ‘Ако пцовиса некое животно што ви служи за храна, оној што ќе се допре до неговата мрша нека биде нечист до вечерта,

40. а секој што ќе касне од неговата пцовисаница, нека ја испере својата облека и нека биде нечист до вечерта; а кој ќе го понесе неговиот труп, нека ја испере својата облека и нека биде нечист до вечерта.’

41. ‘Секое животно, што ползи по земјата, е нечисто за вас; нека не се јаде.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 11