Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 11:30-47 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

30. ежот, камелеонот, дождовникот, зелениот гуштер и кртицата.

31. Тие животни, од сите што ползат, се нечисти за вас. Секој што ќе ги допре мртви, нека биде нечист до вечерта.

32. А врз она на што некое од нив ќе падне мртво, нека биде нечисто: било некаков дрвен предмет или облека, или кожа или мев и секоја работа што се употребува. Секој таков предмет нека се накваси во вода и нека остане нечист до вечерта. Тогаш ќе стане чист.

33. Ако падне некое од нив во некаков земјан сад, скрши го; сè е нечисто во него.

34. А ако капне вода од таков сад на некаква храна, што се јаде, ќе биде нечиста.

35. А сè врз кое ќе падне нешто од нивниот труп, нека биде нечисто; ако тоа биде печка или огниште, нека бидат разурнати: нечисти се за вас и нека бидат нечисти за вас.

36. А изворот или водособиралиштето што држи вода нека бидат сметани за чисти. Но кој ќе допре мрша на животно, нека е нечист.

37. И ако нешто од нивната мрша падне на житно семе што ќе биде посеано, тоа останува чисто;

38. но ако семето се накваси со вода, а тогаш падне на него нешто од нивната пцовисаница, нека е нечисто за вас.’

39. ‘Ако пцовиса некое животно што ви служи за храна, оној што ќе се допре до неговата мрша нека биде нечист до вечерта,

40. а секој што ќе касне од неговата пцовисаница, нека ја испере својата облека и нека биде нечист до вечерта; а кој ќе го понесе неговиот труп, нека ја испере својата облека и нека биде нечист до вечерта.’

41. ‘Секое животно, што ползи по земјата, е нечисто за вас; нека не се јаде.

42. Ништо што ползи по мевот, ништо што оди на четири нозе или на повеќе нозе - никаков ползач што лази по земјата, не јадете, зашто се одвратни.

43. Немојте да се онечистите сами себеси со сите тие лазачи што ползат; не осквернувајте се со нив, за да не станете и вие нечисти заради нив.

44. Зашто Јас Господ Сум ваш Бог: осветувајте се да бидете свети, зашто Јас Сум свет! Не валкајте ги вашите души ниту со едно животно што ползи по земјата!

45. Да, Јас Сум Господ; ве изведов од Египетската Земја за да ви бидам Бог. И така бидете свети, зашто Јас Сум свет!’

46. ‘Тоа е закон за добитокот, за птиците и за сите животни, што живеат во водата, и за сите животни што лазат по земјата,

47. за да го разликувате нечистото од чистото; и животните, што можат да се јадат, од животните што не смеат да се јадат.’”

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 11