Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 11:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ им рече на Мојсеја и Арона:

2. „Кажете им на Израелевите синови вака: ‘Еве ги животните што од сите четвороношци можете да ги јадете:

3. секое што има копита, но раздвоени копита и што прежива, можете да го јадете.

4. Но овие, иако преживаат или имаат копита, не смеете да ги јадете: камилата, зашто иако прежива, нема раздвоени копита - нечиста е за вас;

5. и зајакот, зашто иако прежива, нема раздвоени копита - нечист е за вас;

6. дивиот зајак, иако прежива, нема раздвоени копита - нечист е за вас.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 11