Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 10:5-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Тие дојдоа и ги однесоа во нивните кошули во полето надвор од логорот, како што рече Мојсеј.

6. Мојсеј им рече на Арона и на неговите синови Елеазар и Итамар: „Не си ги откривајте вашите глави, ниту кинете си ги облеките, за да не загинете и за да не се налути Тој на целото општество. Но вашите браќа и сиот Израелев дом можат да плачат за оние што Господовиот оган ги изгоре.

7. И не излегувајте од влезот на Шаторот на средбата, за да не умрете вие, зашто врз вас е елејот на Господовото помазание.” Тие направија според Мојсеевото слово.

8. Господ му рече на Арона:

9. „Кога ќе влегувате во Шаторот на средбата, не пијте вино ниту опоен пијалак, ниту ти ниту твоите синови со тебе! Така нема да загинете. Тоа е постојан закон за вашите родови;

10. за да можете да го разликувате светото од несветото и нечистото од чистото;

11. за да ги научите Израелевите синови на сите закони што Господ ги даде преку Мојсеја.”

12. Тогаш Мојсеј им рече на Арона и на неговите преживеани синови, Елеазар и Итамар: „Земајте од лебниот принос, што ќе остане од Господовите жртви, и јадете го бесквасно покрај жртвеникот, зашто тоа е најсвето.

13. Јадете го на свето место; зашто тоа е твој дел и дел на твоите синови од Господовите жртви: така ми е наредено.

14. А градите на вртената жртва и плешките на воздигнатата жртва јадете ги: ти и твоите синови и твоите ќерки со тебе, на чисто место; зашто тоа ви е дадено како дел за тебе и како дел за твоите синови од помирителните жртви на Израелевите синови.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 10