Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 10:13-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Јадете го на свето место; зашто тоа е твој дел и дел на твоите синови од Господовите жртви: така ми е наредено.

14. А градите на вртената жртва и плешките на воздигнатата жртва јадете ги: ти и твоите синови и твоите ќерки со тебе, на чисто место; зашто тоа ви е дадено како дел за тебе и како дел за твоите синови од помирителните жртви на Израелевите синови.

15. Плешките на воздигнатиот принос и градите на вртениот принос што се донесуваат заедно со лојот, нека бидат вртени пред Господа; тоа да биде вечна уредба за тебе и за твоите синови со тебе, како што заповеда Господ.”

16. Потоа Мојсеј го побара јарецот за грев, но ете, беше изгорен. Тој се налути на Елеазар и на Итамар, преживеаните Аронови синови, па рече:

17. „Зошто не јадевте жртва за грев на свето место? Зашто таа е најголема светина; и таа ви е дадена за да ги симнувате беззаконијата на општеството и за да се надоместува покривање на гревот.

18. Ете, нејзината крв не беше внесена внатре во Светилиштето, а вие бевте должни да ја јадете на свето место, како што ми беше наредено.”

19. А Арон му рече на Мојсеја: „Ете, тие ги принесоа денес својата жртва за грев и својата паленица пред Господа; и тоа се случи со мене! Ако јас денес ја изедам жртвата за грев, дали ќе Му биде угодно тоа на Господа?”

20. Кога Мојсеј го чу тоа, го одобри.

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 10