Стар Завет

Нов Завет

Левит (3 Moj.) 10:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ароновите синови Надав и Авиуд ја зедоа секој својата кадилница; ставија оган во нив и положија темјан во него, за да принесат пред Господа туѓ оган, што Тој не им го заповеда.

2. Но излезе оган од пред Господа и ги изгоре, и тие умреа пред Господовото лице.

3. Тогаш Мојсеј му рече на Арона: „Тоа е она за што зборуваше Господ, кога рече: ‘Свет ќе Сум преку оние кои Ми се приближуваат и ќе се прославам пред целиот народ.’” Арон молчеше.

4. Мојсеј ги повика Мисаил и Елисафан, синовите на Ароновиот дедо Озил, па им рече: „Дојдете и однесете ги вашите браќа од пред Светилиштето во поле надвор од логорот!”

5. Тие дојдоа и ги однесоа во нивните кошули во полето надвор од логорот, како што рече Мојсеј.

6. Мојсеј им рече на Арона и на неговите синови Елеазар и Итамар: „Не си ги откривајте вашите глави, ниту кинете си ги облеките, за да не загинете и за да не се налути Тој на целото општество. Но вашите браќа и сиот Израелев дом можат да плачат за оние што Господовиот оган ги изгоре.

7. И не излегувајте од влезот на Шаторот на средбата, за да не умрете вие, зашто врз вас е елејот на Господовото помазание.” Тие направија според Мојсеевото слово.

8. Господ му рече на Арона:

9. „Кога ќе влегувате во Шаторот на средбата, не пијте вино ниту опоен пијалак, ниту ти ниту твоите синови со тебе! Така нема да загинете. Тоа е постојан закон за вашите родови;

Прочитајте целосна глава Левит (3 Moj.) 10