Стар Завет

Нов Завет

Јов 9:29-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

29. Ако сум грешен, тогаш зошто напразно да се измачувам себеси?

30. Кога би се измил и со снежна вода, кога би ги очистил своите раце и со пепелница,

31. пак ќе ме турнеш во поголема нечистота и моите облеки ќе се гнасат од мене!

32. Зашто Тој не е човек, каков што сум јас, за да се правдам и да одам на суд со Него.

33. Нема некаков судија меѓу нас, за да ја стави својата рака врз нас двајцата,

34. да ја отстрани од мене Неговата прачка, неговиот ужас да не ме плаши веќе!

35. Сепак ќе зборувам без секаков страв, зашто јас не сум таков во своите очи.

Прочитајте целосна глава Јов 9