Стар Завет

Нов Завет

Јов 9:1-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Јов проговори и рече:

2. „Навистина, јас знам дека е така: но како човекот ќе се оправда пред Бога?

3. Ако некој сака да се препира со Бога, не ќе му одговори ни на едно од илјада.

4. Тој е мудар со срцето, а со силата Сèдржател, и кој би му се спротивил неказнето?

5. Тој ги преместува планините, а тие не го знаат тоа, Тој ги превртува во својот гнев.

6. Тој ја раздвижува земјата од нејзиното место, од основа ги растресува нејзините столбови.

7. Штом ќе му заповеда на сонцето, тоа не се раѓа, Тој ги запечатува и ѕвездите со Својот печат.

8. Единствено Тој ги распнува небесата и само Тој оди по морската широчина.

9. Ги создаде Мечката, Орионот и Плеадите, и соѕвездијата на јужното небо.

10. Тој е Творец на силни, несфатливи дела; на чудеса што не можат да се избројат.

11. Поминува покрај мене, а јас не Го гледам, еве Тој заминува - јас не Го забележувам.

12. Ако грабне нешто, кој ќе Му го спречи тоа, и кој смее да Го праша: „Што си сторил?”

13. Силниот Бог не го повлекува Својот гнев: паѓаат пред Него помошниците на Рахаб (Хаосот).

Прочитајте целосна глава Јов 9