Стар Завет

Нов Завет

Јов 8:6-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. ако бидеш чист и непорочен, отсега Тој секогаш ќе бдее над тебе и ќе ја обнови куќата на праведникот.

7. Ќе биде мала твојата мината среќа, во однос на идната што ќе те чека.

8. Но прашај ги само поранешните поколенија, внимавај на мудроста на нивните татковци.

9. Ние сме од вчера и не знаеме ништо, нашите земни денови се како сенки.

10. Тие ќе те поучат и ќе ти речат, од своето срце ќе извлечат беседи:

11. Зар ќе никне рогозата вон мочуриштето? Зар ќе порасте трската без вода?

12. Сета се зелени, но и некосена се исушува пред секоја друга трева.

13. Такви се патиштата на секој што го заборава Бога; така пропаѓа надежта на безбожниците;

14. тенка е нишката на неговото надевање, а неговата надеж е пајакова куќа.

15. Ако се потпре, таа му се ниша, ако се фати за неа, таа му се разурнува.

16. Се зеленее тој и целиот расте бујно на сонцето, млади гранчиња му ја покрија целата градина.

Прочитајте целосна глава Јов 8