Стар Завет

Нов Завет

Јов 5:5-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Гладните ја изедуваат нивната жетва, самиот Бог им ја одзеде од устата, а жедните лакомат за нивните имоти.

6. Не, нечесноста не излегува сама од земјата, ниту неволјата може да никне сама од почвата,

7. туку човекот се раѓа за страдањата, како што орловиот лет се стреми кон висината.

8. Но јас ќе Го побарам Бога и пред Него би ја образложил мојата работа.

9. Тој создаде силни недоловливи дела, чудеса што не можат да се избројат.

10. Тој роси дожд по сето лице на земјата, и испраќа вода да ни ги натопи полињата.

11. За да ги издигне високо понижените, за да ги надари со среќа нажалените?

12. Редум го руши она што итреците го смислуваат, сè што со раце спроведуваат, Тој им го изјаловува.

13. Тој ги фаќа мудрите во нивното лукавство, намислите на сплеткарите, ги претворува во ништо.

14. Среде бел ден, запаѓаат во темнина, пипаат на пладне, како среде ноќта.

15. Тој го избавува бедниот од нивниот меч, го издига сиромашниот од силничките раце.

16. Така му се покажува надежта на бедниот и неправдата треба да ја затвори устата.

17. Да, блазе му на човекот кого Бог го изобличува, затоа не презирај го ти карањето на Сèсилниот!

18. Тој ранува, но ја преврзува раната, удира, и залечува со Својата рака.

19. Ќе те избави од шест неволји, ни во седмата злото нема да те допре.

20. Во глад, ќе те спаси од смрт, а во војна, ќе те грабне од остриот меч.

Прочитајте целосна глава Јов 5