Стар Завет

Нов Завет

Јов 5:17-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Да, блазе му на човекот кого Бог го изобличува, затоа не презирај го ти карањето на Сèсилниот!

18. Тој ранува, но ја преврзува раната, удира, и залечува со Својата рака.

19. Ќе те избави од шест неволји, ни во седмата злото нема да те допре.

20. Во глад, ќе те спаси од смрт, а во војна, ќе те грабне од остриот меч.

21. Ќе го отстрани од тебе бичот на лошиот јазик, без страв ќе бидеш пред грабнувачот.

22. Ти ќе им се смееш на сушата и студот, и не ќе се плашиш од дивите ѕверови.

23. Ти ќе склучиш сојуз со камењата на нивата, дивите ѕверови ќе бидат во мир со тебе.

24. Ќе уживаш мир во својот шатор, кога ќе го посетиш својот дом, ќе стои негибнат.

25. Ќе гледаш како се множи твоето колено и како твоето потомство расте како трева.

26. Ти ќе легнеш во гробот кога ќе бидеш стар, како што се собира житниот сноп кога ќе дозрее.

27. Го набљудуваме сè ова: вистина е жива! Затоа ти послушај сè за твое добро.

Прочитајте целосна глава Јов 5