Стар Завет

Нов Завет

Јов 5:1-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ајде повикувај! Зар ќе ти одговори некој? На кој од светците мислиш да му се обрнеш сега?

2. Навистина, безумниот го убива неговиот гнев, љубомората ќе го докрајчи сосем лудиот.

3. Видов безумник како се вкоренува, но веднаш ја проколнував неговата куќа.

4. Неговите синови се далеку од сигурност, незаштитени, ги тормозат во вратите.

5. Гладните ја изедуваат нивната жетва, самиот Бог им ја одзеде од устата, а жедните лакомат за нивните имоти.

6. Не, нечесноста не излегува сама од земјата, ниту неволјата може да никне сама од почвата,

7. туку човекот се раѓа за страдањата, како што орловиот лет се стреми кон висината.

8. Но јас ќе Го побарам Бога и пред Него би ја образложил мојата работа.

9. Тој создаде силни недоловливи дела, чудеса што не можат да се избројат.

10. Тој роси дожд по сето лице на земјата, и испраќа вода да ни ги натопи полињата.

11. За да ги издигне високо понижените, за да ги надари со среќа нажалените?

12. Редум го руши она што итреците го смислуваат, сè што со раце спроведуваат, Тој им го изјаловува.

13. Тој ги фаќа мудрите во нивното лукавство, намислите на сплеткарите, ги претворува во ништо.

14. Среде бел ден, запаѓаат во темнина, пипаат на пладне, како среде ноќта.

15. Тој го избавува бедниот од нивниот меч, го издига сиромашниот од силничките раце.

16. Така му се покажува надежта на бедниот и неправдата треба да ја затвори устата.

Прочитајте целосна глава Јов 5