Стар Завет

Нов Завет

Јов 41:7-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Можеш ли да му ја издупчиш кожата со копје, или да му ја пробиеш главата со сулици?

8. Крени ја својата рака на него: Подготви се за бој - ќе ти биде последен!

9. Напразно е да се негува надеж во него, човекот загинува веќе на неговиот поглед.

10. Нема јунак да го раздразни него, кој ќе му се спротиви во лице,

11. Кој ќе се судри со него и да остане жив? Нема таков човек под небесата.

12. Нема да ги премолчам неговите членови, ни големата сила, ни убавината ни ставата.

13. Кој смее да му ја соблече облеката, кој ли ќе проникне низ неговиот двоен оклоп?

14. Кој ќе му ги отвори двокрилните челусти кога стравот владее околу неговите заби?

15. Грбникот му е од лушпести штитови, запечатени со каменен печат.

16. Се прилепија едни до други така, што ни здив не минува меѓу нив.

17. Толку цврсто се залепени заедно: доближени сосема, не можат да се раздвојат

18. Кога ќе кивне, светлина блеска од него, очите му се како зорините веѓи.

19. Од неговата уста горат гламни, огнени искри се истуруваат од нив.

20. Дим излегува од неговите носалки, како од котел што врие врз оган.

21. Неговиот здив би запалил јаглења, зашто од неговата уста излегуваат пламени.

22. Во вратот му лежи сета негова сила, а пред него се простира ужас.

23. Кога ќе се исправи, затреперуваат брановите и се повлекуваат кон морската шир.

24. Срцето му е тврдо како пештера, отпорно како мелничен камен.

Прочитајте целосна глава Јов 41