Стар Завет

Нов Завет

Јов 41:21-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. Неговиот здив би запалил јаглења, зашто од неговата уста излегуваат пламени.

22. Во вратот му лежи сета негова сила, а пред него се простира ужас.

23. Кога ќе се исправи, затреперуваат брановите и се повлекуваат кон морската шир.

24. Срцето му е тврдо како пештера, отпорно како мелничен камен.

25. Свивањата на месото му се зарастени, цврсти се како да се слеани.

26. Ако го погоди меч, се одбива од него, исто и копјето, сулицата и стрелата.

27. Железото е како сламка за него, бронзата како гнило дрво.

28. Тој не се повлекува пред стрелите од лакот, камењата од каменофрлачот паѓаат како плева врз него.

Прочитајте целосна глава Јов 41