Стар Завет

Нов Завет

Јов 41:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Зар ловиш левијатан (крокодил, морско чудовиште) со јадица? Зар ќе му го зауздаш јазикот со јаже?

2. Можеш ли да му ги прободеш носалките со трска, или да му ја пробиеш вилицата со кука?

3. Дали ќе те заколнува за милост? Дали ќе разговара благо со тебе?

4. И зар ќе склучи тој сојуз со тебе, за да ти биде слуга цел живот?

5. Можеш ли да се поиграш со него како со птица и да го врзеш, за да ги развеселиш ќерките?

6. Дали ќе се спогодуваат за него рибарите? Дали ќе го поделат трговците меѓу себе?

7. Можеш ли да му ја издупчиш кожата со копје, или да му ја пробиеш главата со сулици?

8. Крени ја својата рака на него: Подготви се за бој - ќе ти биде последен!

9. Напразно е да се негува надеж во него, човекот загинува веќе на неговиот поглед.

10. Нема јунак да го раздразни него, кој ќе му се спротиви во лице,

11. Кој ќе се судри со него и да остане жив? Нема таков човек под небесата.

Прочитајте целосна глава Јов 41