Стар Завет

Нов Завет

Јов 4:12-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Таен збор ми се објави, моето уво го чу неговиот шепот.

13. Ноќе, соништата го опфаќаат духот, и кога длабокиот сон паѓа на луѓето,

14. страв и трепет ме совладаа мене, моите коски се стресоа жестоко.

15. Некаков здив ми помина преку лицето, се кренаа влакната на моето тело.

16. Некој стоеше - не му го познав лицето - но со ликот беше пред моите очи. Насекаде тишина; тогаш чув шепот:

17. Зар некој смртник е поправеден од Бога? Зар човекот е почист од својот Создател?

18. Не им верува веќе ни на своите слуги и ги обвинува Своите ангели за грешки -

19. тогаш колку повеќе: гостите на глинените станови, чија основа е во земниот прав. Ете, ги сотираат нив како молци:

20. ги претворуваат во прав од утрото до мракот, исчезнуваат засекогаш - никој и не забележува.

21. Зар не ќе помине величието нивно? Тие умираат, но не со мудрост.”

Прочитајте целосна глава Јов 4