Стар Завет

Нов Завет

Јов 39:6-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Пустината му ја дадов за родно место и солените полиња за да живее таму.

7. Тој му се потсмевнува на шумот на градовите и не ги слуша повиците на терачите.

8. Скита по ридовите, по своите пасишта, во потрага за секакво зеленило.

9. Можеш ли биволот да го направиш слуга, да го задржиш една ноќ во јаслите?

10. Можеш ли да го приковеш за браздата, за да го влече ралото по твоите бразди?

11. Можеш ли да се потпреш на него, зашто е преголема неговата сила и да му ја препуштиш својата тешка работа?

12. Дали мислиш дека ќе ти се врати и дека ќе ти дотера жито на гумното?

13. Нојот трепери радосно со своите крилја, иако се скудни крилјата и перјата.

14. Тој ги остава своите јајца на земјата, му ги доверува на песокот да ги грее,

15. не грижејќи се дека може да ги згази нога, или да ги згмечи некаков див ѕвер.

16. Постапува со нојчињата како со туѓи; тој не се грижи дека трудот му е напразен.

17. Зошто Бог го лиши него од памет, не му даде никаков разум.

Прочитајте целосна глава Јов 39