Стар Завет

Нов Завет

Јов 39:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Знаеш ли како се размножуваат дивите кози? Дали виде како се раѓаат кошутите?

2. Дали изброја колку месеци носат? Знаеш ли во кое доба се породуваат?

3. Наведнувајќи се, ги породуваат своите срнчиња и го растеретуваат бремето среде пустината,

4. а кога породот ќе им зајакне, растат во полето, го оставаат и не му се враќаат.

5. Кој му ја даде слободата на дивото осле и кој го симна оглавникот од неговата глава?

6. Пустината му ја дадов за родно место и солените полиња за да живее таму.

7. Тој му се потсмевнува на шумот на градовите и не ги слуша повиците на терачите.

8. Скита по ридовите, по своите пасишта, во потрага за секакво зеленило.

Прочитајте целосна глава Јов 39