Стар Завет

Нов Завет

Јов 38:9-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. кога го облеков со облак како со облека и кога го завиткав со густа магла како со пелени;

10. кога ја одредив неговата меѓа, ставив врати со лостови?

11. Дотаму, не подалеку, му реков нему, тука нека се крши гордоста на твоите бранови!”

12. Зар некогаш си му заповедал на утрото? Зар си и го покажал на зората нејзиното место,

13. да ја потфати земјата за рабовите и да ги истресе од неа сите безбожници,

14. да ја претвори во печатна глина и да ја обои како некаква облека?

Прочитајте целосна глава Јов 38