Стар Завет

Нов Завет

Јов 38:28-40 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

28. Има ли дождот свој родител? Кој е тој што ги раѓа капките на росата?

29. Од чие крило излегува мразот, кој ја создава сланата, што паѓа од небото?

30. Како се сцврстуваат водите како камен и како замрзнува површината на бездната?

31. Можеш ли да ја врзеш Плејадата со вериги и да ги разврзеш врските на Орион,

32. да ја изведеш Деницата во вистинско време, да ја водиш Мечката со нејзините млади?

33. Зар ги познаваш ти небесните закони, па да им доделиш ним сила на земјата?

34. Можеш ли да им извикаш на облаците, па да те послушаат поројните дождови?

35. Зар по твоја заповед летаат секавиците и зар ти се одѕиваат тебе: „Еве нè?”

36. Кој ја положи мудроста во човекот, кој му даде разум на срцето?

37. Кој ги пребројува мудро облаците и кој ги излева небесните мевови,

38. додека земјата не се згусти во тесто и додека не се залепат нејзините грутки?

39. Зар ти ќе и уловиш лов на лавицата или ќе го задоволиш гладот на лавчињата,

40. додека чекаат гладно на своето легло и дебнат на жртвата од засолништето?

Прочитајте целосна глава Јов 38