Стар Завет

Нов Завет

Јов 38:19-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Кои патишта водат во домот на светлината, на кое место престојуваат темнините,

20. за да ги одведеш во нивните краишта, за да им го покажеш патот кон нивниот стан?

21. Ти го знаеш тоа, па ти се роди одамна, бројот на твоите денови е многу голем!

22. Дали си стигнал до ризниците на снегот и зар ги виде засолништата на градот,

23. што ги запазив за деновите на неволјата, за време на крвав бој и војна?

24. По кој пат се дели молњата, кога распрснува искри по целата земја?

25. Кој го ископа подводниот ров, кој му го исчисти патот на грмежот

26. за да врне дожд врз ненаселено подрачје, врз пустината каде нема жива душа,

27. за да ја напои неплодната пустина, за да никне трева во степата?

28. Има ли дождот свој родител? Кој е тој што ги раѓа капките на росата?

29. Од чие крило излегува мразот, кој ја создава сланата, што паѓа од небото?

Прочитајте целосна глава Јов 38