Стар Завет

Нов Завет

Јов 38:12-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Зар некогаш си му заповедал на утрото? Зар си и го покажал на зората нејзиното место,

13. да ја потфати земјата за рабовите и да ги истресе од неа сите безбожници,

14. да ја претвори во печатна глина и да ја обои како некаква облека?

15. Таа им ја одзема светлината на злосторниците и им ја крши кренатата тупаница.

16. Зар си проникнал до морските извори? Зар си одел некогаш по дното на бездната?

17. Зар ти ја покажаа вратата на смртта? Ги виде ли вратите на крајот на мртвите сенки?

18. Ги согледа ли пространствата на земјата? Зборувај, доколку го знаеш сè тоа.

19. Кои патишта водат во домот на светлината, на кое место престојуваат темнините,

20. за да ги одведеш во нивните краишта, за да им го покажеш патот кон нивниот стан?

21. Ти го знаеш тоа, па ти се роди одамна, бројот на твоите денови е многу голем!

22. Дали си стигнал до ризниците на снегот и зар ги виде засолништата на градот,

Прочитајте целосна глава Јов 38