Стар Завет

Нов Завет

Јов 36:26-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. Бог е поголем отколку што можеме да сфатиме. неодолив е бројот на Неговите години!

27. Тој ги собира водните капки во височина и го претвора дождот во пареа и магла.

28. Тогаш поројни дождови плискаат од облаците и се изливаат врз луѓето.

29. Кој ќе го сфати ширењето на облаците, страшниот татнеж на Неговите шатори?

30. Ете, Тој ја распростира светлината над Себе и го покрива морското дно со води.

31. Тој ги суди народите преку нив, ги дарува со изобилна храна.

32. Тој ја држи молњата со двете раце и и кажува каде да удри.

33. Со громов глас се навестува Себеси, стигнува со гнев да ја разгроми нечесноста.

Прочитајте целосна глава Јов 36