Стар Завет

Нов Завет

Јов 35:4-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Јас ќе ти одговорам тебе, на сè тоа, и на твоите пријатели едновремено.

5. Погледни на небото и набљудувај! Гледај ги облаците: повисоки се од тебе!

6. Ако грешиш, што направи против Него, што Му зададе со своите престапи?

7. Ако си прав, зошто дојде при Него и што добива Тој од твојата рака?

8. Твојата нечесност ги повредува сличните на тебе, и твојата правда му ползува на човекот.

9. Но кога стенкаат под тешкиот јарем, кога викаат заради насилството на моќните,

10. никој не вели: „Каде е Бог, мојот Творец, Кој ја исполнува ноќта со весела песна.

11. Нè прави поумни од земните ѕверови и помудри од небесните птици?”

12. Тогаш викаат, но Тој не одговара заради гордоста на злосторниците.

13. Но колку е суетно да се тврди дека Бог не ги слуша нивните викови, дека Сèдржителот не свртува поглед на нив!

14. А камоли кога ти велиш допрва: „Тој не ме гледа, мојата парница стои пред Него, а јас уште чекам на неа.”

15. Или: „Неговата лутина не казнува, тој воопшто не се грижи за престапите.”

16. Тогаш Јов напразно ја отвора устата и натрупува неразумни беседи.

Прочитајте целосна глава Јов 35